ИДЕА Водичот е практичен ресурс за едукаторите за возрасни и образовните институции за возрасни во врска со алатките и методологиите за поттикнување на циркуларната економија и одржливост во рамките на нивните организации и во нивната работа со целната група и пошироко. Водичот содржи избор на добри практики на национално и европско ниво кои ја поттикнуваат циркуларната економија преку уметност, изработка од пластика и тинкеринг и други неформални методологии, како и детално објаснување на идентификуваните методологии и нивната репликабилност во активностите што ја вклучуваат целната група .
Партнерите ги идентификуваа следните образовни модули што треба да се вклучат:
Полесно поврзување со другите и градење на тим.
Теоретска сесија за циркуларна економија.
Симулациска вежба на бизнис со циркуларна економија.
Добри практики на бизниси со циркуларна економија.
Теоретска сесија за изработка од пластика.
Фокус сесија: Како да се управува со изработката од пластика во пракса
ИДЕА Интерактивниот тулкит (пакет со алатки) беше развиен преку процес на ко-дизајн помеѓу едукаторите на возрасни вклучени во меѓународното пилотирање на тренинг форматот вклучен во ИДЕА водичот и партнерските организации.
Употребливоста на пакетот со алатки е зголемена со вклучување на засегнатите страни и организации за методологиите и насоките тестирани во различни земји, приспособени според потребите и предизвиците на друга група од населението. Дополнително, пакетот со алатки интегрира значителни карактеристики на преносливост предизвикани од неговиот повеќејазичен карактер и неговата применливост во различни земји и сектори.
Структурата на интерактивниот пакет со алатки e следна:
Запознавање со општата рамка на проектот и европските приоритети во областа на подобрување и одржливост на вработеноста.
Теоретска рамка на образованието за циркуларна економија, изработката од пластика и тинкеринг.
Постоечки добри практики.
Теоретската рамка на процесот на ко-дизајнирање.
Едукативна активност/акции продуцирани во сесиите за ко-дизајн.
Видео упатства од работилниците имплементирани за време на Локалните активности
ИДЕА Мрежата на практичари се развива на веб-платформа, замислена како сеопфатна алатка за поттикнување на пластичната циркуларна економија преку рециклирана уметност/занаетчиство. Иновативниот карактер на мрежата се заснова на комбинацијата на дигитални алатки и пристапот меѓу колегите во образованието за да се стимулира пластичната циркуларна економија преку рециклирана уметност/занаетчиство кај целната група на невработени возрасни лица, со што се подобруваат не само нивните нивоа на инклузија но и нивната вработливост. Во исто време, платформата ќе биде достапна и за индивидуална употреба и/или за забавни цели.
Веб-платформата ќе биде организирана во дваеглавни секции:
Дел за ресурси за корисници кои пристапуваат кон циркуларна економија и рециклирана уметност/занаетчиство, со теоретски информации и почетен сет на видео упатства за рециклирани изработки од пластика, создадени од учесници во локалната фаза и партнерските организации, со различни нивоа на тежина и рециклирање.
Секција на форум каде што корисниците/практичарите можат да разменуваат упатства за изработка од пластика, вклучувајќи информации за количеството на избегнат отпад, како и да разменуваат пластични материјали за да ги завршат своите занаетчиски работи за да постигнат повисока стапка на избегнуван отпад.